речник контакт

Квалификациите од одбојкарската Евро Лига ќе се играат во Велес

Салата ,,Гемиџии,, ќе биде домаќин на машките селекции на Шведска, Азербејџан, Албанија и Македонија од 14-ти до 16-ти јуни

Петар Печков

Салата,, Гемиџии,, и Велес ќе бидат домаќини на првиот круг од квалификациите на Евро лигата, кои ќе се  одржат во средината на јуни.  Ова на прес конференција го соопшти генералниот секретар на Одбојкарска Федерација на Македонија Зоран Карановиќ, одржана во Велес.  На овој турнир освен селекција на Македонија како домаќин, игра со Шведска, Албанија и Азербејџан. 

Управниот одбор на ОФМ одлучи квалификациите за Евро лигата да ги играме во спортската сала Гемиџии во Велес. Оваа одлука е откако Велес преку ГОК Борец се врати на македонската одбојкарска сцена, но и јубилејот 60 години од постењето на Борец.   Сакаме во Велес да донесеме европски настан а тоа е учество на сениорската машка репрезентација    во 14-тото издание на Европската одбојкарска лига  а Македонија ќе учествува по четврти пат. Идејата ни  е преку овој турнир да влеземе во завршницата  во Копенхаген Данска но и да анимираме што повеќе млади од градот за ја запознаат одбојката   -  рече Карановиќ. 

Турнирот ќе биде помогнат од локалната власт а ќе се игра од 14-три до 16-ти јуни,  ЦЕВ веќе ги одреди и паровите. Македонија првиот ден игра со Азербејџан, вториот со Албанија а третиот завршен ден со Шведска.  Македонија како домаќин сите натпревари ги игра во терминот од 19,30ч. а првиот пар играат од 17ч.   Одбојкарската Федерација на  Европа ги делегираше и судиите на вој турнир кои доаѓаат од Израел, Бугарија, БиХ и  Украина. На новинарското прашање кој ќе  ја води селекцијата, дали Бугаринот Жељасков останува на тренерското место, Карановиќ рече дека оваа дилема е отворена.   

Имавме одлична соработка минатата година во квалификациите за ЕП со  бугарскиот стручњак Жељасков. Желбата ни е и годинава да ја продолжиме, во постојан контакт сме со него. Имаме проблем што тој  има ангажман со бугарската селекција. Решение ќе бараме во наредните денови -  изјави Карановиќ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »