речник контакт

Километарски колони кон Скопје

Продолжениот викенд ги блокираше наплатните рампи

Петар Печков

 На наплатните рампи на делницата од автопатот Градско -Скопје, се сардисани. Километарски колони  возила, попладнево чекаат да стигнат до Скопје. Продолжениот празничен Велигденски  викенд е причина за гужвата.

Велешани кои вечерва се упатија до Скопје објаснуваат дека колоната возила  е формирана и пред клучката од Штип. Се чекало 40-тина минути. Но штом ја минале наплатната кај Отовица, нов проблем. Се вози само во една лента што уште повеќе создава нервози и гужви.

Така што патувањето до Скопје, од Велес трае  повеќе  од два часа. Гужва се регистрирани и на наплатната рампа од автопатот  кај Градско. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »