речник контакт

Киното во Велес би требало да започне со кино проекции за два месеци

Се јавил заинтересиран кино оператор, кој пројавил интерес да го работи киното

Петар Печков

Киното во Велес, кое локалната власт го опреми и салата ја реновира со 76 илјади евра не работи.  Така е повеќе од две години.  По реакцијата на јавноста, откако новиот игран филм на Мило Манчевски“ Кајмак“ се прикажува низ земјава, но не и во Велес, градоначалникот Марко Колев, оптимистички најави дека киното ќе проработи за два месеци, до крајот на јануари, следната година.  

„До крајот на јануари киното ќе биде во функција, тогаш треба да се одржи првата проекција. На следната седница на Советот, ќе отпочинеме постапка за отворање на киното. Има еден кино оператор кој е заинтересиран, кој сака да го управува киното. Подолг временски период се убедуваме, бараме кој ќе го работи и конечно еден субјект  покажа интерес.  Согласно законските процедури ќе ја отпочинеме процедурата“ - кажа градоначалникот Колев.  

Во неодамнешно соопштение на продуцентот на филмот „Кајмак“ кој го  потенцира големиот интерес за ова дело, посочи   „И покрај сите напори на продуцентите и на дистрибутерите, „Кајмак“ не се прикажува во Велес, па велешани одат во Скопје, Штип и Свети Николе да го видат филмот“.

Постојната кино сала, која е во просторот на градската библиотека, во салата Бели мугри, беше отворена на 11 октомври 2020 со филмот„Стела“.   

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »