речник контакт

Киро Камчев во притвор во Шутка

Во неговата акт ташна пронајдени 64 илјади евра кеш

Петар Печков

Кривичниот совет при Основниот суд во Велес, по барање на Јавното обвинителство му изрече мерка притвор во траење од 30 дена на директорот на АД Киро Ќучук, Киро Камчев. Јавното обвинителство отвори истрага за двете кривични дела за кои се товари Камчев. Претходно истражниот судија Валентин Зафиров изрази несогласување со барањето за отварање истрага и сметаше дека нема кривично дело ни потреба за притвор, по што заседаваше Кривичниот совет.   Одделот за организиран криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Киро Камчев (43) директор на АД “Киро Ќучук“ – Велес, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела – злоупотреба на службена положба и овластувања и фалсификување на исправа, а со намера да се стекне со противправна имотна корист оштетувајќи ја фирмата АД “Киро Ќучук“ – Велес за вкупно 3.895.661 денари. Полициајта во акт ташната на Камчев во моментот кога го носела во станицта пронашла 64 илјади евра, за кои ќе се истражува нивното потекло. Таа го запленила и неговиот компјутер, кој можеби ги крие тајните за работата на Камчев. Еве ја кривичната пријава за злоупотреба на службена должност и фалсификување на службени документи.

Пријавениот Камчев во својство на одговорно лице на АД “Киро Ќучук“ – Велес, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во јуни минатата година склучил усмен договор со акционер во АД “Киро Ќучук“ – Велес, да му ги откупи 3.037 акции од оваа фирма. Но, притоа, двајцата се договориле плаќањето на акциите да се изведе на сметка на готови градежни производи од АД “Киро Ќучук“ во вредност од 150.000 евра (или 9.225.000 денари) што пријавениот, спротивно на законските прописи, ги пуштил во промет преку правни лица чија што дејност била продажба на градежни производи. Во рамките на таквото договарање лицето акционерот приложил лични податоци од 10 физички лица кои требало да имаат улога на фиктивни купувачи на производите. По извршената продажба на дел од производите само на акционерот му биле предадени 676.750 денари како и патничко моторно возило “голф 5“ во вредност од 16.500 евра.

Со цел да го прикрие кривичното дело пријавениот му наложил на раководителот на комерција при АД “Киро Ќучук“, да изготви 46 фактури, 63 испратници, и 64 налози и профактури во кои биле внесени невистинити податоци за производи во вкупна вредност од 3.895.661 денари, средства наменети за акционерот односно за откуп на неговите акции во АД “Киро Ќучук“ – Велес. По ова акционерот преку ополномоштен адвокат од Скопје подготвил продажба на неговите акции (3.037 акции по цена од 1.220 денари за кација). Притоа на барање на пријавениот тој потпишал фиктивна “каса прими“ во вредност од 3.705.140 денари, наводно како доказ дека добил пари за акциите од Камчев, но и како своевидна гаранција за пријавениот дека акционерот нема да негира за средствата што требало да ги прими од продажбата на градежните материјали. Пријавениот знаел дека според Законот за спречување на перење пари и други приноси не смее да се вршат плаќања, односно исплата или примање на готови пари во износ од 15.000 евра или повеќе во денарска противредност.

Исто така со цел да го прикрие кривичното дело, откако усниот договор не се реализирал, пријавениот директор покренал судски постапки (тужби) за наплата против физички лица чие што име фигурирало на фиктивните фактури. По направените разговори со тие физички лица констатирано е дека тие не знаеле зошто акционерот ги зел нивните лични податоци, ниту пак знаеле за продажбата на градежните материјали. Покрај ова како потврда за прикривање на делото е и фактот дека пријавениот Киро Камчев, бидејќи не ги добил акциите на 03.10. 2007 поднел кривична пријава за измама против акционерот, а на 04.04 2008 година откако постигнал договор со него испратил известување до СВР Велес, дека ја повлекува кривичната пријава и дека не предјавува никакво оштетно побарување.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »