речник контакт

Киро Камчев ослободен за две обвиненија

Апелација му ги потврди двете ослободителни пресуди на екс директорот на Киро Ќучук, за кои претходно беше осудуван

Петар Печков

Апелација Скопје ги потврди ослободителните  пресуди на Основен суд  Велес, за две одлуки   каде екс директорот на АД Киро Ќучук   се товараше за злоупотреба на службена должност. Тој не бил виновен.   

Првата беше за обвинението дека Камчев  во периодот од 14 јануари 2009-та до 14 октомври 2010-тата од 900 илјада цигли кои биле запленети од УЈП продал 881 илјада иако истата стока била попишана од страна на Министерството за финансии, УЈП поради долг од АД Киро Ќучук кон државата за неплатени даноци, ДДВ, персонален и данок на добивка.  

Судот утврдил  од решението за присилна наплата  дека  ,, обезбеден е достасан а неплатен даночен долг во износ од 21.254.177,00 денари, кој што даночен долг по основ на ова решение е во целост платен од страна на правното лице каде одговорно лице е обвинетиот уште пред да биде извршен пописот на циглите,,.  Претходно за ова дело имаше затворска, па условна казна за да заврши со ослободителна правосилна.  

Со втората пресуда со која   Киро Камчев  исто така е ослободен, беше обвинет дека како одговорно лице извршен директор  на АД Киро Ќучук    со искористување на службената положба,  за себе прибавил противправна имотна корист од 4.4 милиони  денари.

Според обвинението  во јуни 2007-та  година од  сопственик на акции договорил да откупи три илјади акции  за 9,2 милиони денари  со тоа што плаќањето ќе го изврши со производи  од АД Киро  Ќучук, до трети лица.   Стоката била доставувана до физички и правни лица,  не била книговодствено евидентирана, продажбата на истата се вршела во готово и парите ги примил сопственикот на акциите.

Судот во постапка утврдил дека  правното лице каде Камчев е директор се договорил со сопственикот на акции  за купопродажба на цигли, стоката  се подигала, истата уредно се евидентирала, книговодствено се книжеле документите, за испорачаната стока постои уредна документација - испратници , налози за утовар и фактури. На ваков начин  Камчев постапил согласно интересите на правното лице бидејќи била створена обврска спрема физички лица за плаќање на подигната стока а со тоа постапувал согласно законските одредби и Статутот на друштвото.  

Со оваа пресуда на Киро Камчев му се вратени и парите најдени на 21 мај 2008-та во  неговата акт чантата:  70.000 денари во апоени од по 1.000 денари,  34.000 евра во апоени од по 500 евра, 10.000 евра во апоени од по 500 евра, 20.000 евра во апоени од по 200 евра.  

Тие пари пронајдени кај  Камчев, според одлуката на судот не биле противправно стекнати и дадени од сведокот, како што е наведено во обвинението, туку  наменети за  други акционери кои барале нивните акции кои ги продале кон Камчев,  да им бидат платени во евра. 

Против Камчев освен овие пресуди кои се правосилни, се водат други кривични предмети во Основен суд Велес, кои имаат не правосилни пресуди едни ослободителни други осудителни со ефектива и условни. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »