речник контакт

Книга за 50 години работа на Боре Левков и изложба на цртежи од Љупчо Данов (фото)

Преку фотографии и цртежи низ минатото на Велес. На настанот одамна немало толку гости, салонот беше преполн

Петар Печков

Во Ликовниот салон  беше промовирана книгата „50 години низ објективот на фотографскиот апарат“ на Боре Левков и  е поставена изложба цртежи со туш „Скици од стариот Велес“ од Љупчо Данов.

 Направив една книга, низ призмата на фотографијата, како што сум го чувствувал  Велес низ објективот.   Во неа има настани од мојот роден град од кога започнав во далечната 1965-та во Фото Душко, па се до  ден денешен.  Во неа има политички настани, спорт, култура, отворање на фабрики. 50 години ги фотографиран настаните од Рациновите средби, сите натпревари на македонската фудбалска репрезентација – вели   Левков.

Тој дел од својот работен век  25 години мина и во велешкиот Народен музеј и во археолошкиот локалите ,,Стоби,,.  Во 2004-та тој ја добива Општинската награда 9-ти Ноември.  

Истовремено беше отворена  изложба и на  90 рачно изработени цртежи, во техника   туш на хартија од Љупчо Данов.  Тој со неа одбележа јубилеј  25 години цртање,   ова е негова прва самостојна изложба. 

На цртежите како мотиви се староградската архитектура, која полека се губи.  Ова изложба е мој личен револт што  велешани 25 години малку прават, да се обноват стартеи куќи. На цртежите се некои  кои за жал  веќе  не  постојат, освен на  побелени   фотографии – објасни  Данов.

Додава дека неговите цртежи се по сите континенти, секаде каде ги има велешани. Учесник  е на повеќе групни изложби.  И тој е добитник на  наградата 9-ти  Ноември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »