речник контакт

Кованите пари од 50 дени одат во историјата

Ако случајно имате, чувајте си ја, бидејќи се реткост а и онака требат ситни за паричето на Бадник

Петар Печков

Кованите пари од 50 дени се повлекуваат од промет. Најниската домашна валута од први јануари ќе биде еден денар.


Заокружувањето на крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги ќе се изврши така што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар.( што ќе признаетте беше вистинас реткост некој трговец да го практикува)



Замената на кованите пари од 50 дени банките ќе ја вршат до 31 март наредната година. По овој период таа ќе се врши во Народната банка. Монетите од 50 дени во оптек се ретки. Тие се помали од оние од 1 денар, со слична боја и првото нивно издание од 1993 година го вклучувало и стилизираното 16-крако сонце и претстава на галеб во лет.

Од денеска во оптек ќе бидат монети од 1, 2, 5, 10 и 50 денари и банкноти од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000 денари. Како платежно средство во Република Македонија денарот почнува да се користи од 1993 година. Претходно од 1991 година се користеа вредносни бонови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »