речник контакт

Ковачевски им вети на граѓаните европски животен стандард, модерно образование и модерно здравство

Зоран Арсовски кажа дека ако стане пратеник нема да ја напушти неговата докторска работа

Петар Печков

Сфатив дека во политиката има лица кои се заради лични интереси и лукративни цели.  После 8 мај нема да се толерираат луѓе за кои политиката е шанса за злоупотреби и за манипулации, порача лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски од митингот во Велес.  Тој им вети на граѓаните иднина со европски животен стандард, модерно обраозвание, модерно здравство, чиста животна средина, еднакви можности за сите.

„Деновиве растатат тензиите за изборите, посебно вчера (недела). Овие избори не се за бисквити и гурабии,  затоа кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа ме потсетува на 2001 на тоа што се случи по планините околу нас. Сакам да и порачам на албанската заедница, ова е и Ваша земја, никој не може да ви ги земе правата, тие се запишани во Уставот.  Но вие имате и одговорност и ако се надевте дека некое незадоволство  ќе се претвори во насилство, се лажете. Граѓаните нема да го дозволат тоа“ – кажа  Ковачевски.

Носителот на листа во Изборната единица 3, Сања Лукаревска, заменик претседателка на   СДСМ  рече  дека после влезот на Макеоднија во НАТО следи велз во Европска Унија, што може да го овозможи СДСМ.

„Не сме создадени да се делиме, караме, лажеме и навредуваме, не сме пример за ниски удари, за нарачани диајлози, и непримерни непресметани зборови.  СДСМ е од граѓаните за граѓаните. И покрај целата пропаганда нема да заборавиме низ што поминавме. 11 мрачни години на прислушкување, закани, тепање, контрола врз волјата на гласачите. Од заробена држава со ВМРО-ДПМНЕ, станавме демократка држава со СДСМ. Ветивме живот во слобода и тоа најголемо ветување го исполнивме “ порача Лукаревска.

На присутините им се обрати и кандидатот за пратеник, велешанецот Зоран Арсовски, кој образложи зошто влегол во политика и за неговата иднина како доктор специјалист.

 „Без исклучок сите ме прашаа, зошто докторе ја напуштате докторската работа и се посветувате на политиката. Од овде порачувам ниту ја напуштам професијата, ниту планирам да ја напуштам. Ветувам дека секој мој слободен миг, ќе го искористам за помош на пациентите. Зошто во политика. Како доктор секојдневно сведочам за предизвиците и потребите на нашиот здравствен систем. Затоа чувствувам потреба да бидам гласот кој ќе ги застапува нивните интереси во парламентот“ – кажа Арсовски.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »