речник контакт

Ковид изолацијата остави трага кај дел од децата, забележан е зголемен број на деца со говорни маани

Децата што помалку да бидат пред нивните мобилни телефони, лап-топи, таблети, телевизорите

Петар Печков

Бројот на деца кои имаат проблеми со говорот се зголемува. Една од причините е затвореноста дома во време на ковид изолацијата. Последните години бројките и искуството на стручните лица  покажуваат дека бројот на децата кои имаат  проблеми во говорот, е се поголем зголемува. Тоа се однесува во делот на комуникацијата,  во јазично изразување, подоцнежно  прозборување. 

Според согледувањата и искуството, причината за зголемениот број на деца со говорни проблеми е во корона пандемијата и затвореност на децата дома, како и посветеноста и зависноста кон  електронски апарати.  

„Претходните две  години,за жал короната го стори своето. Овие две генерации дечиња кои биле во подемот на развојот, имаат огромни потешкотии. Тоа е така оти се седеше дома, родителите се обидуваа д аги анимираат своите деца што полесно да го помина тој период на изолација. Верувам не сакајќи децата беа оставени пред електронските уреди, децата беа „екранизрани“. Но тоа не помогна децата да имаат нормален тек на развој на говор.  Влијание има и брзиот начин и темпо на живот. Тоа е немањето време на родителите да се посветат на своите деца и да бидат со нив, да видат до каде се што се во развојот.   Оставаат се за утре а за жал времето си тече а проблемот со говорот кај децата останува. А тој е решавачки за натамошен успешен живот и образование на децата“ - вели Елизабета Димитриевска логопед при Основното училиште ресурсен центар за деца со посебни потреби Маца Овчарова.

Таа препорачува родителите да посветат поголемо внимание кој  децата, тие  што помалку да бидат пред нивните мобилни телефони, лап-топи, таблети, телевизорите. Потенцира дека имаат зголемен обем на работа.

„Затоа апелирам до родителите, бидете што повеќе со вашите деца. Разгледувајте, читајте сликовници,одете во природа, разговарајте со вашето дете, читајте стрипови, прикаски“ - кажа Димитриевска.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »