речник контакт

Кога Којничани во 1978 година со сплав се пуштија по Вардар

Екипата која сплаварела по Вардар била Иван Илиев, Симе Сарагинов, Ванчо Царев, Марјан Гравчев и Диме Коцев.

Петар Печков

Сплаварењето по реката Вардар за велешани било предизвик па многумина сограѓани  пловеле по ана. Некои со чамци, други со сплавови, кој како се снашол. Во оваа приказна ќе се потсетиме на обидот  на група тогаш млади велешани од 1978 година, кои по Вардар пловеле со сплав. Настанот  се случил на 3 јули, тргнале од Нов мост.  Во состав биле пет млади личности, другари, сите којничани. Идејата била на Иван Ване Илиев и Симе Сарагинов.  

 „Тргнавме со сплав, направен од  бандери и тоа 13 на број.  Го правевме неколку дена. Бандерите ни ги обезбеди Драган Миладинов, тогаш претседател на младина. Вреќици за спиење  и шатор ни даде Кире Менде, докторот Кире Марковски.  Пловевме до Демир Капија. После клисурата не можевме да пловиме оти Вардар е широк и плиток не се плови. Исто и во клисурата карпи, камења големи. Но важно се спуштивме по реката “ - раскажува Иван Ване Илиев.

„Пловевме два дена до Демир Капија. Се сеќавам дека кај Неготино, на Дуброво не ни дозволија да минеме низ браната. И така моравме сплавот, кој беше мошне тежок, ние петмина да го вадиме на суво, да го влечеме , па да се вратиме на реката и продолжиме. Тоа доживување, авантура не се забораваат“ - вели Симе Сарагинов.  

Целта  им била да се пуштат по Вардар, како некогаш гемиџиите. Откако завршиле и допловиле до Демир Капија, таму го оставиле сплавот. Екипата која сплаварела по Вардар била Иван Илиев, Симе Сарагинов, Ванчо Царев, Марјан Гравчев и Диме Коцев. За жал фонографија немаат, освен овој исечок од Вардарки глас.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »