речник контакт

Кога смртта е побрза од животот

Почина Тамара Димовска...

Петар Печков

Десетгодишната   Тамара Димовска починала утрово  пред шест часот. Безуспешни биле напорите на докторите во Итната помош и Болницата да и помогнат на малото девојче. Тамара имаше проблеми со искривениот `рбет поради што требаше да се оперира во странство.   Димовска имаше вродена маана на рбетниот столб и во очекување на веста каде и кога  ќе се лекува, девојчето почина.   Смртта била побрза од добрите вести кои деновиве ги добиле.

Во петокот добивме писмо од болница во Чикаго, од каде не информираа дека бесплатно ќе ја лекуваат и оперираат. По оваа вест Тамара беше најсреќното дете. И се врати радоста, беше пресреќна.  Таа поради искривениот рбет, Тамара се жалеше на болки во градите во срцето. така и утрово околу 3 часот, ни рече дека  и е тешко.  Ми рече мамо ме боли срцето, дај ми ја раката да ме чуваш. Немој да  плачеш за мене, те молам,  не сакам да плачеш. Потоа се заврте и заспа - вели мајка и Жаклина.

Таа и нејзиниот сопруг се под лекарства овој ден, но од нивните очи не престануваат да течат потоци солзи по изгубениот детски живот.   Двајцата на раце, бидејќи седат близу до Здравствениот дом,  ја однеле Тамара во 6,15 часот во Итната помош, од каде веднаш е префрлена во велешката Болница.   

 Пациентот е донесен  околу 6,15 часот, веднаш е пренесен  на интензивна нега. Конзилиум на лекари, анестезиолог, педијатар и останати  доктори  биле таму, но детето не давало знаци на живот. Веќе било починато, а обидите за реанимација биле неуспешни - изјави д-р Силвана  Мишкова портпарол на велешката Болница.  

Додава дека не се познати причините за смртта.   Тамара Димовска имаше 80 отсто искривување на рбетот и чекаше подолго време, неколку месеци за  да се оперира  надвор од Македонија, оти во земјава нема соодветна апаратура.  Нејзината болест и потребата од финансии кренаа лавина реакции во јавноста. Водителот Петар Ацев, организираше и хуманитарен концерт за да се соберат пари но и да ја разбуди заспаната свест кај надлежните институции. Тој е работно во Хрватска а на неговиот ФБ профил  порача:

 Извини што со нашата акција ,,За Тамара,, не успеавме да те спасиме, извини што институциите во земјава беа предолго време глуви., Сепак да знаеш дека не беше сама. Имаше добри, хумани луѓе, кои денес тагуваат по тебе.  Почивај во мир, најди спокој за твоја чиста невина детска душа - напиша Ацев.   За овој случај реакција најавија од Фондот на ПИОМ. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »