речник контакт

Кога улицата Архиепископ Михаил ќе биде еднонасочна

Постојното сообраќајно решение, со гужвите кои се секојдневие, во пракса покажува дека е неодржлив

Петар Печков

Работите за улицата Архиепископ Михаил, да стане еднонасочна  никако да се поместат. Иако од поодамна беше изградено премостувањето со улица Љубен Весов, но по десет  месеци нема разрешница.  


„Штом се направи кружен тек на Сарамаале, би започнале со воведување на еднонасочен сообраќај на улицата Архиепископ Михаил.  Таму е таква гужва,едни паркираат во една насока, други во друга, не можат да се разминат. Таму и граѓаните  од улицата се поделени за и против, таа да биде еднонасочна. Повеќето се што сакаат, а има дел кои се против и тие прават голем отпор.  Се обидуваме да ги смириме страстите, но не оди. Улицата ќе биде еднонасочна, не може  како сега  сообраќајот да биде во две насоки. Завршени се сите работи, набавени се знаците, ги чуваме,  само уште да ги поставиме“ - кажа градоначалникот Колев.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »