речник контакт

Кои Македонци ги има во Гинис и за што

Времетраење на варење грав, буткање на автомобил, лупење на варени јајца... е ваму сме рекордери??!!

Петар Печков

Македонците се познати како народ што знае одлично да пее, да готви, да јаде и да пречекува гости. Меѓутоа Гинисовата книга на рекорди открива активност плус во која Македонците го срушиле рекордот.

Вики и Стојан Давчеви успеале да постават рекорд во варење грав. Биле сварени 3,150 килограми грав, во селото Сарачиево, и овој рекорд бил за речиси 2,000 килограми повеќе од претходниот рекорд. 

Александар Чекоров и Александар Смилков се гинисови рекордери во дисциплината „Најголема далечина помината со туркање автомобил од двајца луѓе во период од 24 чањса“. Рекордот изнесува 95,07 километри. Чекоров и Смилков на 13 и 14 декември 2014 година во Спортскиот центар Форца туркале „Даеву Матиз“.

Иако не може да се нарече Македонец, сепак Силвио Саба е впишан во Гинисовата книга на рекорди како човек што за 2,66 секунди успеал да излупи варено јајце токму во Струмица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »