речник контакт

Кои странски туристи се најбројни во Велес

Хабитат и Маркард ги носат гостите. исто како и ловот и транзитниот туризам

Петар Печков

Србите биле најбројни странски  туристи во Велес во првите пет  месеци годинава, додека Германците  најдолго престојувале во градот со  2,36 дена. Ова се податоците на Државниот Завод за статистика објавени во полугодишниот извештај.  

Во петте хотели во градот од јануари до мај годинава престојувале  1471  странски туристи кои реализирале 2926  ноќевања, или просечно спиеле по два дена во Велес.  Во истиот период имало 743 домашни туристи со 1217 ноќевања.  Или вкупно за петте месеци имало 4143 ноќевања остварени од 2214 гости.

Податоците покажуваат дека по Србите  со 321 гостин и 472 ноќевања најбројни се   Германците со  184 туристи и   435 ноќевања. Потоа следат Грците со  150 туристи и  252 ноќевања.  По нив се Турците 127  гости и  219 ноќевања, па  Бугарите со  91 турист и 157 ноќевања. Овие пет земји реализирале повеќе од половината странски доаѓања и ноќевања во Велес.    На листата на странски  гости се  посетители од САД, Кореја...

Според државите од кои доаѓаат може да се заклучи дека посетителите се дел од гостите на Хабитат и учествувале во нивната изградба  на зградите во населба Тунел  или пак стручни лица од  германскиот инвеститор  Маркард чија фабрика се гради близу Велес.  

Најбројните пак се Србите кои се на пропатување низ Македонија за одмор во Грција или пак ловџиите од Грција кои доаѓаат во сезоната за лов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »