речник контакт

Колев за првите сто дена од неговиот мандат како градоначалник

Откочен е процесот на легализација како и издавањето на решенијата за данок

Петар Печков

Градоначалникот Марко Колев на прес конференција објави што сработел во првите сто дена од неговиот мандат. Рече дека се  покажало  дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно, иако овој период е мал за да се сработи нешто капитално.

„После подолг временски период општината е повторно отворена за граѓаните , секоја среда има прием за нив.  Се откочи просецот на легализација, поделени се сто решенија на граѓаните.  Во изминатиот период работевме силно на данокот на имот, бидејќи имаше шест илјади решенија кои беа закочени од различни причини а граѓаните доаѓаа  за да можат да си го платат данокот на имот“ - кажа градоначалникот Колев.Тој објави на дел од тоа што го сработил изминатите три месеци, асфалтирани и бетонирани биле седум улици, реконструирани се водоводни мрежи на пет улици, реконструирани се канализациони мрежи на  пет улици, изградени неколку потпорни ѕидови.

Потпишан е договор соЕУ за уредување на централно градско подрачје а со Светска бајка за водовод во село Сопот.  Колев се осврна и на работата на ЈКП Дервен, како претпријатие основано од општина.

„Не можат да се видат повеќе полни контејнери, искастрени се поголем број дрвја, зеленилото е исчистено и освежено. Во образованието реновирана е фасадата од зградата на ОУ Васил Главинов,   подобрено е греењето со воведување на парно  во ОУ Рајко Жинзифов“ -дополни Колев.

Тој потенцира дека заедно со службите од локалната власт како и граѓаните треба да се решаваат проблемите во согласно на сите засегнати.  Најави дека продолжува со работа отворено и очено, во интерес на граѓаните.

Состојбата со уредувањето на градежното земјиште околу езеро Младост, Колев ја нарче наметната, оти таква била  со години а во овој период  не додал ништо ново  неа.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »