речник контакт

Колев-нудам решенија за проблемите кои ги мачат велешани (фото)

Мицковски - СДСМ во оваа кампања нема решенија за проблемите на граѓаните

Петар Печков

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа предизборен митинг на кој ја претстави програмата  на нивниот кандидат Марко Колев за градоначалник на Велес.   На присутните прв им се претстави актерот Зоран Љутков, кој е носител на кандидатската листа за советници на коалицијата „За обнова на Македонија“

 „Решивме да ги тргнеме темните облаци кои четири години се надвиснати над Велес. Велес ќе победи оти не може повеќе да трпи како градот пропаѓа. На Велес му е потребно здравство во кое нема кандидатот за градоначалник  да  се слика, додека болните лежат  беспомошни и без лекарска грижа. На Велес му се потребни странски инвестиции  и нови работни места  а не четиригодишна  стагнација, без ниту една инвестиција. Велес ќе победи оти пред неговите очи се уништува скапоцената велешка култура. Победата во Велес ќе биде вовед во големи промени и на државно ниво“ - рече Љутков.

Кандидатот за градоначалник Марко Колев порача дека ќе го вложи целото негово знаење, енергија за просперитетен Велес, нуди решенија за проблемите кои ги мачат граѓаните.

„Велес ќе биде поубаво место за живеење. Спремен сум  да ги менувам работите, за да ја вратам насмевката на велешани..  Не ветувам ништо што не можам да реализирам. Ќе направам после 16 години да се донесе Генералниот урбанистички план. Ви ветувам уредување на кејот на реката Вардар., реконструкција на мостот кај Башино село, ќе го решиме проблемот со кучиња скитници, ќе изградиме нова подземна гаража тука пред судот и над неа уреден градски плоштад и катна гаража кај автобуската, нова индустриска зона Мамутчево 2,  поранешниот хотел Вила Зора ќе биде дом за стари лица и за деца без родители, планираме велосипедски и пешачки парк, три спортски комплекси во Дворови, во населба Речани и во дворот на училиштето Васил Главинов и реконструкција на 20 фасади на згради во централното градско подрачје“ -најави кандидатот Колев.  

Тој кажа дека предвидува реализација на 213  проекти, од кои 126 се за подобрување на патната и комунална инфраструктура за жителите на сите делови на Велес и околните населени места, кои се во 14 стратешки области. Најави силна поддршка на спортот, културата, младите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ги праша граѓаните пред да излезат да гласат  да си одговорат на прашањето, дали живеат најдобро.  Иако ова биле локални избори, со гласањето на 17-ти октомври  требало да се даде  одговор и колку граѓаните сакаат да се променат работите во државата.  

„Изборот се сведува дали ќе дозволите да продолжи нивната ароганција, со која ви велат дека се најдобри, тогаш кога се најлоши, да продолжат разочарувањата, неисполнетите ветувања, убавите лажни зборови, или ќе почнеме процес на промени.  Во оваа кампања видовме ароганција, истите флоскули од Заев,немање на програма, време е да го менуваме системот. Од него не може да се очекуваат резултати од тоа што го ветува, Сте се запрашале ли  зошто Заев зборува за минатото,  за теми кои се исти од неговите настапи, на минатите и  претходните избори. Затоа што ако не зборува за нив, треба да зборува за резултати и проекти,а тој ги нема. Во оваа кампања нема решенија за проблемите на граѓаните. За изминатиот период  има блокада до блокада и тапкање по рамо.  Има  најоново возило од 100-тина илјади евра, плантажи со марихуана и самиот кажува колку тежи неговата бизнис империја од десетици милиони евра, тој ужива во луксузи. На овие избори  имаме враќање на олигарсите и на нивните деца, кои се богатеа врз грбот на народот“- кажа Мицковски од митингот во Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »