речник контакт

Колку гласачи ќе гласаат понеделник и вторник на вонредните парламентари избори

Понеделник ќе гласаат лицата кои се позитивни на кoвид-19 или се во самоизолација и вторник на 14-ти јули болните и немоќните лица

Петар Печков

За вонредните парламентари избори, кои ќе се одржат в среда на 15-ти јули, годинава ќе има две гласање претходно. Понеделник ќе гласаат лицата кои се позитивни на кoвид-19 или се во самоизолација и вторник на 14-ти јули болните и немоќните лица. 

ТрМр ги обезбеди информациите за тоа колку гласачи ќе гласаат овие два дена.

Во ОИК Велес понеделник ќе гласаат седум лица кои се позитивни  на ковид-19 или се во самоизолација.  Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат  134 лица од 156 пријавени.

Во ОИК Градско  понеделник нема пријавено лица кои се позитивни  на ковид-19 или се во самоизолација а сакаат да гласаат.  Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат  49 лица од 49  или сите пријавени.

Во ОИК Лозово понеделник ќе гласаат три лица кои се позитивни  на ковид-19 или се во самоизолација.  Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат  32  пријавени лица.

Во  ОИК Чашка  понеделник нема пријавено лица  кои се позитивни  на ковид-19 или се во самоизолација а сакаат да гласаат.  Вторник како болни или изнемоштени ќе гласаат  99 лица од 105 пријавени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »