речник контакт

Колку пари, толку музика

Дел од колите на МЖ кои се на поправка во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес се блокирани и нема да бидат испорачани...

Петар Печков

Дел од колите на МЖ кои се на поправка во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес се блокирани и нема да бидат испорачани, предупредуваат од фабричкиот синдикат.

Причина за ова е неисплатената плата за октомври и нерешениот статус, поради што е побарана и средба со Министерот за транспорт и врски.

- На неопределено време, решивме готовите производи на Македонските железници да не ги пуштаме надвор од кругот на фабриката. На овој начин сакаме конечно ра се реши проблемот со Фабриката за шински возила „Колска“ - изјави Јордан Чадлов, претседател на синдикатот во фирмата.

Проблемот настанал откако МЖ им дала на поправка 2 патнички и 25 товарни вагони, кои се веќе поправени но не и платени, па тристотини работници не можеле да земат плата. Поправен бил и моторен воз, т.н. „Шпанец“ кој исто така нема да биде предаден се додека улсугата не биде подмирена.  

Колска која беше една од петте фирма кои работеа во рамките на МЖ од пред две години е во сопственост на Владата. Поради ова иако е единствена во Македонија која може да врши поправка на возниот парк на железницата, за секоја поправка МЖ е должна да распише тендер. Како можен излез од ваквата состојба им било кажано дека треба да добијат документ од Бирото за јавни набавки, со кои во ваквите слкучаи нема да се распишува тендер а Колска директно ќе ги добива работите.

Затоа тие бараат средба со министерот Миле Јанакеивски, да го запознаат со проблемот и негово што поскоро решавање. Како илустрација на нивниот квалитет на работите, го посочуваат примерот на извршените поправки на вагоните во фабриките во Србија а кои сеуште стоеле на депо и не се во погон.

Дотогаш патничките, товарните вагони како и моторниот воз ќе бидат заробени во велешка „Колска“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »