речник контакт

Колку се технички исправни автобусите кои превезуваат патници и вработени

Од 21 контролирани автобуси,во Велес три биле неисправни, во Кавадарци и Неготино нема

Петар Печков

Сообраќајната полиција, во вторникот имала нова контролна акција. Овој пат проверувала дали и колку се исправни автобусите кои вршат јавен превоз. 

Вторникот на  16-ти јули  полициските службеници од Секторот за внатрешни работи – Велес извршија контрола на техничката исправност на 43 автобусите и возила кои што вршат јавен превоз на патници, при што, во Велес е утврдена неисправност на три возила од контролираните 21, во Кавадарци од контролираните 10 возила сите биле исправни и во Неготино  контролирани биле 12 возила и ситe биле исправни. На возачите на неисправните возила им се изречени соодветни казни. - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »