речник контакт

Колку скутери возат по езерото Младост

Еколошкото друштво „Вила Зора“ ја пренесе реакцијата на посетителите од езерото Младост, каде бројни скутери на давале можност за сигурно капење.

Петар Печков

Еколошкото друштво „Вила Зора“ ја пренесе реакцијата на посетителите од езерото Младост, каде бројни скутери на давале можност за сигурно капење.

Ова посебно било впечатливо во текот на викендите кога бројот се зголемувал а со тоа и опаснсоста од нивното брзо возење. Поради ова тие бараат сообраќајната полиција да превземе мерки да се застане на пат на овие пловни објекти.

Командирот на полициската станица Велес е изненаден од овие реакции но најавуа дека ќе го испитаат случајот.

- Во Велес има двајца регистрирани сопственици на скутери Леов и Перков. Првиот веќе подолго време не се користи на велешкото езеро, додека вториот вози во близина на  неговиот брод. Но сепак ќе излеземе на терен за да видиме колку и кој тоа лудува по водите на езерото - изјави Александар Костов командир на полициската станица во Велес.

Тој очекува дека со почетокот на учебната година, ќе се намали бројот на капачите а со тоа ќе приврши и сезоната, но тие ќе сторат се за да се застане на пат на евентиуалните дивеења на скутерџиите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »