речник контакт

Колку ќе чини паркирањето во Велес

За кои случаи се издаваат повластени паркинг карти

Петар Печков

Управниот одбор на ЈП Парк спорт и паркинзи ги предложи цените а неодамна Советот на Општина Велес ги прифати.  Со ова се официјализира платениот паркинг во Велес, кој според најавите можно е да стартува до крајот на годинава.  

Цената за еден час паркирање во зоната „А“ е  30 денари, во зоната „Б“ е 20 денари и во зоната „Ц“ е 10 денари.  За потсетување, како што ТрМр веќе објави во зоната „А“ има три паркиралишта, во зоната „Б“ има девет и во зоната „Ц“ има две паркинг зони.   Дневна карта за паркирање во сите зони е 400 денари.  Во недела и на државни празници за користење на услугата за паркирање е бесплатна за сите корисници на јавните паркиралишта со наплата од отворен тип.

За граѓаните се издаваат повластени паркинг карти и тоа за следните случаи: Повластена карта за станари на Општина Велес; Повластена карта за станари кои користат службено возило за приватни цели; повластена карта за станари сопственици на странски возила; повластена карта за резервирано паркинг место; месечна паркинг карта за правни и физички лица; месечна паркинг карта за правни лица; дневна паркинг карта; месечна паркинг карта за вработени; гостинска паркинг карта; годишна паркинг карта за инвалиди.

Од ЈППСП објаснуваат дека е во тек тренерска постапка со која се бара мобилен оператор преку кој ќе се врши плаќањето на паркинг услугата и повторно преку тендер се набавуваат блокатори.  За непречено извршување на контролата на паркирањето предвидено е да се вработат околу десетина лица во ЈППСП.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »