речник контакт

Колкумина возачи, за време на дочекот Православна Нова година, возеле под дејство на алкохол

Се контролирало во период од осум часа, освен во Велес и во Струмица, Штип,Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кичево

Петар Печков

За време на дочекот на Православната Нова година, полицајците од СВР Велес извршиле контрола на возачите, дали управуваат возило под дејство на алкохол.

Во периодот од 17.00 часот на 13-ти  јануари  до 01.00 чaсот на 14-ти јануари констатирани се 11 прекршоци, и тоа пет во Велес, два во Кавадарци и четири во Неготино - соопштија од МВР. 

Во исто време идентични сообраќајни акции се извршиле и во други градови во Македонија.   

Сообраќајната полиција во  Струмица  и Штип констатирала  дека по единаесет  возачи возеле под дејство на алкохол, во Тетово шест, во Охрид пет и во Гостивар, Струга и Кичево по еден.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »