речник контакт

Колоритните бои на Велес

Се повеќе новите фасади од куќите на велешани добиваат колоритни бои. Архитектите ова го поздравуваат, но какви пораки тие испраќаат?

Петар Печков

Новите домови на велешани се во разни бои на виножитото. Колку е тоа во ред  но дали има оправдување. Велешката архитектка Станка Амбаркова во нејзините трудови за стар Велес опишувајќи дека секоја куќа е обоена во различна боја, објаснува дека со тоа се  праќа скриена порака

Ако во куќата имало машки за женење, фасадите се бојадисувале во ладни бои, сина, зелена а ако имала женски за мажење со бојадисувале со женски бои, црвена, розева.

Жолтата било дека има стара мома, пример е куќата на Џинот чија сестра била немажена.

Белата боја означувале дека или домаќините ќе одат на грубет или ќе одат како ајдути во шума. Бела боја - бела чума...

Така било некогаш, а како е денес. Повторно се враќаат колоритнте бои во фассдите на новогрдбите од Велес, што архитектите го посдравуваат. Но какви пораки тие испраќаат? Статусни, каков џип имаат, фирма, за моќта на газдата??

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »