речник контакт

Колска ги изработи првите пет вагони за МЖ транспорт

Започна да се реализира договорот, со кој во наредниот период треба да се изработат 75 товарни вагони

Петар Печков

 Од халите на велешка ,,Колска,, реновирани излегоа првите 5 товарни вагони. Тие се работеа изминатите 15 дена, откако беа испорачани од страна на  МЖ АД Транспорт.  Тоа се  отворени т.н. плато вагони, дел од договорот потпишан за  обнова на 75 товарни вагони,  од  кои 21 цистерна, 12 затворени и 42 отворени товарни  вагони.

Во изминатиот период фабриката влегуваше во  кондиција, се интензивираат работите и во неделата се пуштени во промет првите 5 отворени товарни вагони.  Во моментот се работи на други 10, од кои до крајот на седмицава ќе бидат завршени нови пет.Во наредниот период, во зависност од видот на товарните вагони, цистерни, затворени или отворени, во сообраќај ќе се пуштаат од 3 до 5 вагони, се додека не ги завршиме сите  договорени 75 - изјави директорот Борис Алчев.

Со измената на Законската регулатива,  и добивањето на лиценца Колска, без  учество  на тендер може директно  да добива  на   поправка на вагони  и локомотиви на Македонски Железници.  Оваа лиценца што  тие ја добиле  на  22 март годинава им ги отвора вратите на погоните за поправка на   дел од возилата кои собораќаат по маекдонските пруги .

Претходно последна  зделка  Колска имаше  лани пролетта кога поправвија десетина вагони, што патнички што товарни.  132-цата вработени во Колска, која неодамна   прослави еден век постоење, пак чекаат да бидат исплатени заостанитите  плати од месец февруари наваму.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »