речник контакт

Колска не се продаде

Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес не се продаде во првиот обид, бидејќи ниту еден потенцијален купувач не се јави на јавниот повик.

Петар Печков

Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес не се продаде во првиот обид, бидејќи ниту еден потенцијален купувач не се јави на јавниот повик.

Со него Министерство за економија преку јавен повик ја понуди велешката фабрика на продажба за по?етни 261 илјада евра заедно со 260-те вработени кои според огласот, требаше да бидат задржани најмалку во наредните пет години.

Проценетата вредност на Колска е 473 илјади евра со тоа што купувачот ги наследуваше и обврските во фабриката во висина од 94 милиони денари. Купувачот беше обврзан да ги исполни еколошките стандарди предвидени со законската регулатива.

Колска е единствена во земјава која ги сервисира вагоните и возниот парк на Македонски Железници.

За натамошната судбина на фабриката, дали ќе се продава или ќе оди во стечај ќе решава Министерството за економија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »