речник контакт

Колска обновува косовски товарни вагони

Со договорот, добиен на тендер траба да се подноват 24 товарни вагони на косовска фирма, за 350 илјади евра.

Петар Печков

Фабриката за шински возила ,,Колска,,  од Велес  испорача осум реновирани товарни вагони за железницата на Косово.  Со ова започна да се реализира дел до договорот со фирмата ,,Фероникел,, од Косово, вреден 350 илјади долари.

Со него ,,Колска,, се обврзува,, да обнови 24 товарни вагони, во период од два и пол месеци. Таа оваа работа ја добила на тендер, во конкуренција со повеќе слични фабрики до Балканот.  Според договорот, тој ќе се реализира во три дела по осум вагони, до крајот на ноември.

Овој тендер покажува дела ,,Колска,, може да биде конкурента на Балканот. Имаме и квалитет и цени, со кои можеме да работиме и надвор од земјава .Се надеваме дека ова е почеток ан добрата иднина на единствената фабрика за поправка на влечни возила во земјава – изјави Александар Атанасов, директор на  Колска.

Моментално кај нив имало  за работа и три патнички вагони на Македонски железници, кои наскоро ќе бидат завршени, обновени и предадени. Од почетокот на годинава тие обновиле седум патнички вагони на ЈП  МЖ транспорт.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »