речник контакт

Командата за обука и доктрина при велешката касарна од денес со нов командант (фото и видео)

Полковникот Васко Коколански е новиот командант

Петар Печков

Командата за обука и доктрина (КОД) која работи при велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, доби нов командант. Тоа е полковникот Васко Коколански, кој доаѓа од воената полиција.

Пригодната свеченост  на примопредавање, се одржа во воениот клуб. Коколански, со указ на претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски од 18 август,  во рамки на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј на Армијата е поставен на оваа должност.

„Од ова место сакам да ве уверам дека со целокупната моја енергија, знаење, вештина и посветеност, ќе бидат насочени кон справување со предизвиците со кои се соочува КОД , со цел успешно и ефикасно исполнување на мисијата на Командата.  Таа е важен и нераскинлив дел од Армијата, ја има улогата на лидер во трансформацијата и прилагодувањето на потребите на новото време, од каде тие промени почнуваат“ - истакна полковник Коколански. Тој  досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на 1 пешадиска бригада (1пбр).

Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин во своето обраќање пред присутните му ја новата должност на ново поставениот командант му посака успешно командување и изрази уверување дека во потполност ќе биде оправдана дадената доверба од врховниот командант.  На заменикот командант, полковник Стојанче Тодоров и на Штабот на Командата за обука и доктрини им оддаде признание за дадениот придонес, максималната посветеност и професионален ангажман при извршувањето на своите должности.

„Да се биде на чело на Командата за обука и доктрини, чија тежишна задача е едукација и образование на младите кадри претставува огромна чест, но во исто време и обврска во исполнувањето на сите предизвици и задачи. Обуката и стекнувањето на нови знаења и вештини се едни од најважните сегменти во војничката професија, чии носители сте токму вие припадниците на оваа команда. Овој сегмент од вашата мисија е од исклучително значење за Армијата. Знаењата и искуствата кои се пренесуваат на професионалните војници како слушатели на основните и напредните курсеви за подофицери, придонесуваат за оформување на квалитетен подофицерски кадар, како клучен ресурс во понатамошното лидерство и изведување на обуката во единиците“, кажа Нуредини.

На денешната свеченост присуствуваа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Бесник Емини, командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Сашко Лафчиски.

Примопредавањето на командната функција заврши со церемонијалното предавање на военото знаме на командата го изврши заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Нуредин и со тоа официјално полковникот Коколански ја прими должноста, командант на КОД.

Полковник Коколански е роден 1974 во Струмица. Воениот рок во 1994-та година го отслужува во Велес, по што завршува  воена академија „Михајло Апостолски“. Неговата воена кариера започнува како дел од првата генерација дипломирани воени офицери на воената академија  и е дел од родот пешадија.   Во неговата богата воена кариера бил на повеќе раководни позиции. Неговото воено образование го надградува и на воена академија во САД. Дел е од воените мисии на АРМ во Ирак и Авганистан.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »