речник контакт

Комбе удрило пешак на автопат

Сообраќајката се случила кај Венуле

Петар Печков

Вторникот попладне  околу 16.30 часот на автопатот Велес–Градско, кај место викано „Венуле“,  се сучила сообраќајна назгода, кога комбе удрило пешак. СВР Велес со повеќе информации.

Товарно возило „Пежо Боксер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од село Турија, делчевско, удрило во пешакот С.Р.(32) од село Романовце, кумановско. Од ударот пешакот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош  - стои во соопштението на СВР Велес. 

Според информациите од велешка Општа Болница, бил примен пацинет кај кој се констатирани лесни повреди и е пуштен на домашно лекување. 

Извршен бил увид на местото на настанот по што ќе се знае причината за сообраќајката. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »