речник контакт

Комисија на локалната власт на Велес, констатирала повеќе забелешки на фудбалското игралиште, кои треба да се отстранат за да го преземе

Игралиштето не е завршено и не може да се прими за користење

Петар Печков

Судбината на фудбалското игралиште во Градскиот парк во Велес, кое го градеше ФФМ, е неизвесна. Истото не е завршено и не може да се прими за користење. Ова го кажа градоначалникот Марко Колев, откако теренот е веќе две години празен и пуст, нема градежни активности, но ниту објектот има стопан. 

„Тоа е проект на ФФМ.  Не можеме да примиме нефукнционално спортско игралиште, кое отстапува значително со првичните проекции. Формирана е комисија во општината од неколку градежни инжинери, неколку архитекти, правници. Тие направија записник со сите аномалии за стадионот, споредени со проектот изработен од ФФМ.  Тоа што ни го понудиле и тоа што го изградиле, не се поклопува. Во таква ситуација, не можам да прифатам документ, записник за примопредавање каде едно пишува во проектот, а друга е состојбата на терен. За тоа е запознаено новото раководство на ФФМ. Ако тие постапат по забелешките, оваа комисија што ја формирав, повторно ќе излезе на терен и доколку констатира дека се е отстрането, ќе го потпишам документот за примопредавање. Очекувам дека ќе имаме подобра соработка со новото отколку со старото раководство на ФФМ“ – кажа Колев. 

Игралиштето започна да се реконструира на 2 јуни 2021 година. 

„Се работи за комплетна реконструкција, која ќе опфати подигање на нивото на игралиштето, 30-40 цм за да не го поплавува ако би наишол Вардар . Ќе се постави нова дренажа, подлогата ќе биде од песок, ќе се посее најсовремена трева, постави автоматски систем за наводнување, нови трибини, со столчиња и ќе бидат покриени“ - објасни Лазар Ракиџиев, тогашен потпретседател на ФФМ и претседател на OФC.

Требаше да се  постави висока мрежа, за топката да не завршува во реката, новата трибина да  има 1.125 столици и требаше да биде осветлено, но не и да се играат ноќни натпревари, туку само за тренинг. 

Тогашниот претседателот на ФФМ Муамер Сејдини, кажа дека  инвестицијата е околу 400 илјади евра, со средства и проект од УЕФА  а рокот на изведба  беше една година.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »