речник контакт

Комуналците бесплатно од понеделник го собираат габаритниот отпад на велешани

Акцијата на Велигденско чистење на домовите трае од 10-ти до 30-ти април

Петар Печков

Комуналците на ЈКП Дервен им  помагаат на велешани, во големото Велгиденско чистење, кое вообичаено се случува пред овој голем   верски  празник. Токму затоа  од 10-ти до 30-ти април ЈКП Дервен  ја реализира големата  пролетна акција за собирање габаритен отпад.  

Оваа  услуга е бесплатна. Доколку граѓаните   имаат потреба за отстранување на габаритен отпад од своите домови можат телефонски  да се пријават на (043)233-768 во РЕ Комунална хигиена, секој работен ден од понеделник до петок од 07.00 до 14.00 часот, и во сабота од 07.00 до 12.00 часот.

 Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи, кади, туш кабини,  корита, завеси, мијалници, тоалет  шолји, славини за вода, огледала,  огради, врати, градинарски алат, садови за цвеќе, клупи, ролетни, тенди, врати, прозор, прозорски рамки, тапети, играчки, детски  колички, дрвена амабалажа,   радијатори.

 Од ЈКП  Дервен предупредуваат, габаритниот отпад  да  не се изнесува од домовите,  да не се остава  пред  контејнерите, на јавна површина, пред да се обратат граѓаните  до надлежните.  

Во акцијата услуга за собирање на габаритен отпад  минатата година   помош побарале 32 домаќинства и  се собрани приближно 40м3 отпад.

Најчесто се фрлаат душеци, па растурени каучи, потоа следат  теписи, кревети, па троседи, фотелји и  друг домашен инвентар. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »