речник контакт

Кондом за мобилен телефон

Компанијата Skins Мobile, нуди многу интересен начин за заштита на вашиот мобилен телефон од надворешни влијанија - со помош на посебен кондом изработен од латекс.

lj lkjl

Компанијата Skins Мobile, нуди многу интересен начин за заштита на вашиот мобилен телефон од надворешни влијанија - со помош на посебен кондом изработен од латекс. Како што тврдат во Скинс Мобајл (а што може да се види и во нивниот промотивен постер), нивниот кондом ќе го заштити вашиот мобилен телефон од вода, прашина, кал, боја, пот и крв. Значи, вие можете да искрварите до смрт, а вашиот мобилен ќе остане недопрен и исправен - преубаво, зар не? Самата употреба е болно едноставна: го навлекувате кондомот преку мобилниот телефон, го врзувате во чвор и го превлекувате уште еднаш за дополнителна заштита. По оваа кратка постапка со мобилниот може да правите што ви душа сака. Можете слободно со него во вода да си играте американка. Материјалот кој се користи за производство на Skins кондомите e 17 пати појак од стандардниот презерватив и тоа му овозможува развлекување и до седум пати повеќе од неговата првобитна големина. [url=www.skins-mobile.com/main.html]skins-mobile.com[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »