речник контакт

Конечно, Железничката станица во Велес наскоро ќе биде отворена за патници

Започната е процедура да се изврши технички прием, поради кој досега објектите беа под клуч

Петар Печков

Една година зградата на железничка станица во Велес, но и сите тогаш десетина  реновирани се затворени. Иако завршија  градежните работи, обетките се под клуч. 

Министерството за транспорт и врски, кое е финансиер тогаш кратко кажаа дека причина е што нема технички прием.

Подоцна  тие  излегоа со нова информација, која влева  надеж дека наскоро оваа станица и девет други, конечно ќе бидат ставени во функција.  

Од Македонски железници- инфраструктура пред една недела поднесоа барање до Министерството за транспорт и врски да се формираат комисии и да се направи технички прием на 10-на железнички станици на Коридорот 10.  Кога ќе се потпишат тие решенија, очекуваме веќе следниот месец да бидат пуштени во функција станиците“, велат од Министерството за транспорт и врски. 

Неофицијално, раководството на Македонски железници од непознати причини подолго време имало отпор да се формираат тие комисии и да се изврши технички прием на станиците. За тоа време, една година на ветер, дожд, снег, мраз, сонце,  патниците чекаат надвор и купуваат билети од импровизирана билетарница. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »