речник контакт

Конечно, симната забраната за емитување македонска музика на ЗМП

Од петок по радио и тв станиците може да се пушта македонска музика

Петар Печков

По неколкумесечна забрана за емитување македонска и музика од соседството, ЗАМП дозволи да се емитува која било музика на радиостаниците и телевизиите. Од ЗАМП денеска се огласија со соопштение кое ќе ви го пренесеме во целост:

Ве известуваме дека со Одлука на Собранието на ЗАМП се става вон сила забраната за јавно емитување авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП, со Одлука на Собранието на ЗАМП беше донесена на 17.09.2016 година. Со оглед на тоа што истекоа сите законски рокови да почне со работа новоформираното здружение СОКОМ МАП, надминати се сите опасности што се закануваа да го обезвреднат авторскиот труд, авторските права и музичките дела на авторите од земјава, ЗАМП ги известува трговските радиодифузни друштва дека од 03.02.2017 година можат да продолжат со јавно емитување на музички дела од репертоарот на ЗАМП -  стои во одлуката.

Од Здружението за заштита на авторските музички права им се заблагодарија на трговските радиодифузни друштва што докрај ја испочитуваа забраната, како и на здруженијата од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои застанаа на страната на ЗАМП и забранија емитување на авторски музички дела од нивниот репертоар во земјава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »