речник контакт

Конечно, четири дена Велес ќе живее со виното и питите

Расчистени се сите дилеми, седмата пастрмајлијада ќе се одржи следниот викенд, претходно ќе има и Божуле, запивање на младото годинешно вино

Петар Печков

Претстојните четири дена Велес ќе живее во знакот на виното и пастрмајлијата.  Локалната власт и локалните угостители се договорија и традицијата продолжува.

В четврток и петок ќе се обележува Божуле, запивањето на младото овогодишно вино и за таа цел сите велешки винарии во рестораните и кафитерии ќе го понудат овогодишното вино по промотивни цени.

В сабота и недела  ќе се одржи седмата по ред питијада,  на главната градска улица, Маршал Тито во центарот на градот 20 велешки угостители од 11часот ќе го нудат специјалитетот велешка пастрмајлија по популарна цена.  Настанот ќе се случува на тротоарот  од Сармаале до Коњот а музичарите ќе настапуваат на платото пред Судот.

Истовремено ќе има и забава со познати велешки пеачи. Организаторот локалната самоуправа ги поканува сите љубители на велешките пити да го проверат квалитетот на овој специјалитет, кој е препознатлив бренд на градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »