речник контакт

Конечно започна отстранувањето на згурата од топилничката депонија

Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија. Наместо во Малезија се транспортира во Србија и Косово

Петар Печков

Од претпладнево започна дислокацијата на депонијата на згура, која се наоѓа близу поранешната Топилница, која сега е руина.   Со ова започна конечното решавање на една од десетте црни еко-точки во Македонија. 

Дислокацијата ја врши компанијата„,Кепс моунт груп“ од Белград, со седиште во Скопје, која  ја доби концесијата од Владата за користење на депонијата и  ,,Б,,  еколошката  дозвола од Општина Велес, со која може да ја отстрани троската од згура, резултат на 30 годишната работа на Топилницата.

Згурата се носи за Косови и Србија. Секојдневно ќе се транспортира, со намалено темпо, со помал капацитет. Така побараа локалните власти, за да не се предизвикува уште поголема загаденост на градот, бидејќи деновиве имало високи концентрации на ПМ 10 честички во амбиенталниот воздух.  Поставена е сепарација, бидејќи сета техногена минерална суровина мора да се пречисти. Има толку отпад и комунален и градежен, кој како минел, тука го фрлал. Така исчистената згура се транспортира со камиони кипери, кои се со носивост од 25 тони- кажа Кирил Смилковски   управител  на „Кепс моунт груп“.   

Поради состојбата со корона вирусот, засега е неизвесен транспортот и реализацијата на  договорот кој концесионерот   ,„Кепс моунт груп“ го има со Малезија а требало да се носи преку пристаништето во Истанбул.

Со бариерите предизвикани од корна вирусот, можно е доцнење при транспортот а пеналите за тоа кон бродот се 10 илјади долари. Тоа е голема неизвесниот и затоа се решивме згурата  да ја пласираме, засега во соседството- дополни Смилковски.

На дислокација на згурата  се работи само механички, нема топење, нема користење киселини. Депонијата со згура е тешка  1,8 милиони тони и  според претходните најави треба да се отстрани за четири години. 

Досега во пет  наврати инвеститорот најавуваше и го пролонгираше почетокот на работата. Депонијата во зависност од серијата на рудата која влегла за топење во Топилницата, технологијата кога е користена  и искористеноста, има од 6 до 10 % цинк, олово од 2,2 до 3,4%, железен оксид 25% и тие биле економски исплатливи за експлоатација. 

Има и  арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но од инвеститорот велат  со скромно присуство  околу 0,01 отсто и не биле слободни туку врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето на жителите на Велес.

Стручњаците предупредуваа дека со секој ветер, дел од депонијата и тешките метали  се разнесуваат до Велес а нејзината близина до  Вардар ја прави опасна, од можноста да се свлече и ја прегради реката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »