речник контакт

Конзервирани девет вредни икони од црквата во Папрадиште

Годинава се работи на реставрирање на други седум икони. Сите се дело на Папрадишки и Зографски

Петар Печков

Заврши првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на вредни икони во црквата „Св. Петар и Павле” во селото Папрадиште.  Ја реализираа стручните екипи на Националниот конзерваторски центар - Скопје, како надлежна институција од областа на заштитата на културното наследство за територијата на Велес и Велешко.

Во рамките на проектот, кој почна лани, во првата фаза конзервирани  и вратени се девет вредни икони кои  беа мошне оштетени. Колекцијата на икони во оваа црква, чиј градител е прочуениот Андреја Дамјанов, родум од Папрадиште, е создадена на крајот на 19 и почетокот на 20 век од големите македонски преродбеници Ѓорги Зографски и Димитар Андонов Папрадишки, кои се последните македонски зографи и пионери во македонското современо сликарство – изјави Елизабета Канчевска Милевска, министер за култура при неодамнешната посета на Велес.

За оваа 2013 година, министерството   издвои средства за санирање на уште 7 икони, чиј процес на конзервација и реставрација е во тек.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »