речник контакт

Конкурс за 40 нови полицајци во СВР Велес

На ниво на МВР ќе бидат примено 600 полицајци, меѓу нив и гранични полицајци

Петар Печков

МВР распиша  јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи. Од нив 40 се во СВР Велес. 

Освен општите услови, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните физички: Проверка на моторички способности подразбира за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220 см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1.500 метри“ за најмалку 5,25 минути. За жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути. Згора на тоа кандидати ќе треба да минат - психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест), писмено тестирање (општо – образовен тест). 

Лицата кои се пријавуваат не треба да бидат постари од  25 години живот, со  телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и да не е да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Има распишано конкурс и за граничи полицајци, за регионален центар Југ се примаат 40 кандидати.
 Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување) 06.06.2022.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »