речник контакт

Контејнерите се отстранија ама навиките останаа

Фрлањето на сметот кај ОУ Св. Кирил и Методиј и кај јаворот кај Градскиот саат, грда слика која ја создаваат дел од граѓаните

Петар Печков

Постапувајќи по барање на  граѓани, дека контејнерите пред ОУ Св. Кирил и Методиј и кај Градскиот саат  се грда и лоша слика за овој дел на градот, локалната власт истите  ги отстрани. Контејнерите за смет беа поставени  на улица Архиепископ Михаил, која е прометна и води кон училиштето Св.. Кирил и Методиј , кон детска градинка Димче Мирчев  и кон  црквата Св. Пантелејмон.

До Општина Велес беа доставени барања од граѓани кои живеат во непосредна близина до контејнерите, во близина на училиштето Св. Кирил и Методиј  и кај Градскиот саат. Тие   се жалеа на неподнослива миризба, извор на зараза, поставеност директно на улицата, фрлање на отпад од пошироката околина, други улици и маала - велат од Општина Велес.  

Постапувајќи по барањето, овластениот инспектор за животна средина и овластениот комунален инспектор на Општина Велес а врз основа на одлуката за одржување на јавната чистота, истото го прифатиле. Мислењето за отстранување на контејнерите од овие  локации е   со образложение  дека “контејнери од 5м3 и 1,1м3 се поставуваат на јавна површина исклучиво за потребите на образовните институции, домаќинствата кои живеат во колективни станбени објекти и трговско- деловно- станбено подрачје”. 

Консултиран бил  и  ЈКП Дервен кои позитивно одговорил  за отстранување на контејнерите, со образложение дека согласно Одлука, отпадот од објектите за индивидуално домување на територијата на целата општина се  собира  од врата на врата два пати седмично. Така во овој   случај ЈКП Дервен правел непотребни двојни трошоци бидејќи низ подрачјето поминува два пати во терминот за собирање на отпадот– еднаш да го собере отпадот од врата до врата, а втор пат да ги испразни контејнерите.

Но граѓаните сега наместо во контејнерите сметот го оставаат на отворено и без почитување на куќниот ред, наместо пред домовите пред јаворот и пред училиштето. Локалната  власт,   надлежната инспекција и ЈКП Дервен  презеле  мерки за  оваа лоша слика да се надмине. 

Реакциите на граѓаните беа очекувани, заради стекнатата навика за користење на контејнерите кои се поставени одамна, пред донесувањето на Одлуката. ЈКП Дервен достави  писмено известување на граѓаните за начинот и времето на собирање на комуналниот отпад. Поставени и табли на локациите, а комуналните редари се на терен со цел да ги предупредуваат граѓаните да ја почитуваат промената - велат од Општина Велес.

При  нивната посета на оваа улица регистрирале  граѓанин од ул. Даме Груев кој имал намера да го остави отпадот на локацијата кај јаворот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »