речник контакт

Контроверзен е случајот со смртта на велешанката Катица Маноилова, смета д-р Владимир Микиќ

Се уште е рано да се кажа сто постотно дали таа жена е инфицирана или не кажа д-р Микиќ

Петар Печков

Смртта на велешанката Катица Маноилова  за која Институтот за судска медицина објави дека причина е  ковид-19  за стручните лица од здравствениот систем на земјава ова е контроверзен случај.  Тако го нарече епидемиологот д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје. Во  прв момент  по објавувањето на резултатите, имаше информација дека починала на почетокот од јануари за потоа Министерството за здравство да демантира,

Ова е контроверзен случај, кој се уште се расчистува во однос на точното време на смртта.  Институтот за судска медицина го утврдува периодот кога настана смртта,  дали во период од три месеци или помалку. Со тестот се детектира генетски материјал, не треба да значи дека постои жив материјал.  Најдена е нуклеинска киселина која што одговара на вирусот.  Се уште е рано да се кажа сто постотно дали таа жена е инфицирана или не, кои се начините како вирусот дошол до неа и третото прашање, кога настанала смртта - кажа д-р Микиќ.  

Маноилова која беше пронајдена почината дома на почетокот од април а соседите последен пат ја виделе на почетокот од јануари. Кај нејзиниот син со кого живееле, а чие  мртво тело било до мајка си, немало регистрирано присуство на ковид -19. 

Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека податоците од починатите ќе  бидат битни за тоа што ќе следи во наредниот период.

Ќе ја анализираме состојбата со антителата, т.н. скрининг на серолошкиот статус на населението генерално, што нема сега да почне, туку понатаму, затоа што сме се уште во фаза кога откриваме активни болни, кои можат да го пренесат вирусот. Се повеќе и повеќе публикации укажуваат дека има асимптоматски носители, кои со лесни или никакви симптоми се активни преносители на вирусот - рече Филипче.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »