речник контакт

Контрола, колку се исправни возилата кои превезуваат ученици

Сите возила кои биле контролирани биле исправни

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден 31 јануари  во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Општина Велес реализирана е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

„При контролата се упатени на технички преглед седум возила кои вршат јавен превоз и сите се во исправна состојба, а ниту едно возило не било исклучено од сообраќај. Притоа, се откриени два  прекршоци од Законот за Возила и 10 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се соодветно санкционирани“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Тој потенцира дека оваа активност е континуирана. Во изминатата година, а и со отпочнување на новата 2023 година, СВР Велес постојна спроведувала акциски контроли, последната била вчера, вторник.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »