речник контакт

Контролна акција по угостителските објекти во Неготино

Било констатирано дека малолетници биле послужени со алкохол

Петар Печков

Викендов контролна акција по угостителските објекти во Неготино. Таа е реализирана  на 6-ти  и 7-ми јуни , од  полициски службеници од ОВР Неготино во содејство со инспектори со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионален центар за гранични работи Југ.

При тоа било констатирано дека  малолетници биле послужени со алкохол.  Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„При контролата во еден од објектите биле затекнати малолетници кои биле послужени со алкохол. Со малолетниците биле извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што биле предадени на родители или блиски роднини. Притоа, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.С.(25 год) и еден малолетник од Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик „точење алкохолни пијалаци на дете“- соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес. 

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »