речник контакт

Концерт на пијано во Велес на познатото дуо Скиаво и Маркеџиани

Настапија со дела од Јоханес Брамс а публика го награди со бис

Петар Печков

На сцената на новиот театар во Велес синоќа концерт на пијано изведе дуото од Италија, Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани. Тие во Велес настапија како дел од програмата на 26-от Интернационален фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-Битола, кој започна завчеравечер под покровителство на Министерството за култура, а кој веќе неколку години освен во Битола има и концерти во Скопје и други градови во земјава.

Пред велешката публика светски познатото пијано дуо настапи со дела од Јоханес Брамс: Унгарски Танци во кои публиката вистински уживаше со виртуозната пијано изведба до совршенство на двајцата светски познати пијанисти и ги награди со долг аплауз на бис. Потоа пијанистите, публиката ја наградија со изведба на композиција плус.

Серџо Маркеџани оцени дека имале одлична публика, одлична сала и одличен концерт со кој се многу задоволни, а тоа го потврди и неговиот колега Марко Скиаво.

Салата има одлична акустика и одлично е што и во Македонија се градат сали според светски стандарди. Ние настапивме со дела од Брамс, а во договор со уметничкиот директор на ИНТЕРФЕСТ-Битола, Милица Шперовиќ Рибарски. Други пијанисти свират по пет-шест унгарски танци, но ние настапивме со комплетната верзија сите унгарски танци што се напишани од Брамс од еден до десет. Потоа го свиревме и вториот дел од унгарски танци до 21, а кои се напишани 20 години подоцна, а со што и публиката можеше да ја слушне разликата и да направи компарација помеѓу првите и вторите Унгарски танци од Брамс,појасни Маркеџани..

Дуото досега имало концерти во музичките центри: Карнеги Хол во Њујорк, Концертхаус и Музикферајн во Виена, Берлинската Филхармонија, Бетовеновата куќа во Бон,Дворжак Хол во Прага, Солис Театар во Монтевидео, како и познатите сали во Париз, Москва, Цирих, Сао Паоло, Вашингтон, Мексико Сити, Астана, Бангкок, Хон Конг, Сингапур и други. Во 2013 тие настапиле на реномираниот Равело фестивал изведувајќи го Моцартовиот концерт за две пијана, К.365.

Врвниот и светски познат Костадин Богдановски кој претходно во Битола го отвори Интерфест, а  синоќа ги проследи концертот на своите колеги во неговиот роден Велес даде одлични оценки за нивната изведба.

Мислам дека Велес има потреба од многу нови културни збиднувања, а за тоа има услови и во оваа прекрасна сала за театар и концерти во новата театарска зграда, оцени виолинистот Богдановски. Тој петнаесетина години настапува како концерт мајстор во светски познатата Опера во Барселона „Grand Teataro de Liceu“.    Се надева дека наскоро ќе настапи со свој концерт на виолина во родниот  Велес.

Милица Шперовиќ Рибарски уметничкиот директор на ИНТЕРФЕСТ-Битола, информира дека ИНТЕРФЕСТ- Битола веќе две-три години прави дисперзирани концерти и во други градови.

Со тоа сакаме да и покажеме на цела Македонија, какви врвни уметници на класичната музика доаѓаат во Битола. Тие ќе отсвират еден концерт и ќе се заминат, и затоа ние од ИНТЕФЕСТ одлучивме истиот тој концерт потоа да биде изведен и во Скопје Велес и други градови во земјава и да го проследи што повеќе публика,потенцира Шперовиќ Рибарски.

Преземено од МИА 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »