речник контакт

Копал кварц надвор од локацијата на работната дозвола

СВР Велес поднесе кривична пријава против правното лице - производно услужно трговско друштво на големо и мало „К-Комерц Каме ДООЕЛ Извор Велес“ сопственост на лицето К.Р. (70) а управувана од С.Р. (38) од Велес, поради основано сомнение дека правното лице сторило кривично дело „Незаконита експлоатација на минерални суровини“.

Петар Печков


На почетокот од јуни година при извршена контрола од страна на полициски службеници од Секторот  за внатрешни работи Велес во место викано Гутин атар на село Степанци- општина Чашка, на лице место затекнати  се шест лица- вработени во пријавеното правно лице, како со механизација вршат незаконски ископ на кварцен камен.

На лице место затекнати се и повеќе работни машини со кои се вршел незаконитиот ископ.

Од страна на вешто лице - геометар од Агенцијата за катастaр на недвижности Велес констатирано е дека предметното место на вршење ископ е надвор од одредената концесија на  правното лице „К-Комерц Каме“  за што е поднесена и кривичната пријава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »