речник контакт

Користење на МЕАП кредит

ЈКП Дервен се реши да искористи 3,1 милион евра од кредиот МЕАП кој градот го подигна од Европската Банка за Обнова и Развој во висина од 4,8 милиони евра.

Петар Печков

ЈКП Дервен се реши да искористи 3,1 милион евра од кредиот МЕАП кој градот го подигна од Европската Банка за Обнова и Развој во висина од 4,8 милиони евра. Тој е наменет за подобрување на водоснабдувањето на Велес и промена на водоводната и канализациона мрежа во градот.

- Се решивме на ова бидејќи првичните пресметки беа правени и за обнова на одводната канализациона мрежа до колекторскиот систем. За жал поради лошите пресметки при изработката на елаборатот, кој е друг проект, изградбата на колектор и пречистителна станица за отпадни води на Велес е отфрлена. Така нема потреба за изградба на инфраструктурата наменета за оваа цел. Ова е причина да искористиме две третини од кредитот а не неговата целосна вреднсот - изјави Пецо Стојановски директор на ЈКП Дервен.

Тој се пофали дека како резултат на досегашните активности Велес е лидер по нискиот процентот на загуба на вода -27 отсто, што било најдобар резултат во Македонија. За овој период  во градот се променети 35 км водоводна и 5 км канализациона мрежа, но оваа инвестиција била со 75 отсто сопствени средства во висина од 870 илјади евра а помал дел од кредитот МЕАП.

Градоначалникот на Велес пак е разочаран што вака добар кредит не е искористен целосно.

- Втората фаза на децентрализација ни дава можност да се задолжуваме како општина. Под услови како што е добиен МЕАП сакавме да добиеме и ние, но не добивме. Незнам зошто ЈКП Дервен не го искористил целосно кредитот бидејќи може да се завршат и други работи - изјави градоначалникот Аце Коцевски.

Досега ЈКП Дервен ги исплатил навреме и осумте рати наменети за отплата на кредитот. Поради ова задолжување а како гарант дека средства ќе се вратат, цената на водата во градот е најскапа во Македонија, по охридската.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »