речник контакт

Корона чао, во велешко активен само 21 случај

Во Болница се згрижени 12 пациенти

Петар Печков

Во Велешко има само 21 активен случај на лица позитивни на корона вирусот. Ова е состојбата  која ја објави Министерството за здравство, откако во здравствениот билтен за изминатите 24 часа, во велешко биле регистрирани 40 лица дека се оздравени а нема ново заразени. Досега во поширокиот дел на општината, заедно со Градско и Чашка имало 5.468 заразени лица. За илустрација пред точно два месеци во велешко имаше без малку 700 активни случаи, на 28-ми март бројот беше 693

Во велешка Болница се хоспитализирани 12 пациенти, од кои шест се потврдени позитивни,тројца сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување, поради здравствени проблеми. На кислородна поддршка се пет пациенти. На Инфективно  одделение се седум а на Интерно пет пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »