речник контакт

Корпа за железнички постојки и нови возни линии

Велешани сметаат дека со три илјади патници секојден, потребни се повеќе возови до Скопје и назад, но и постојки во подалечните делови на градот. Железница се одби.

Петар Печков

Велешани, водени од бројот на патници,  побараа нови возови на релацијата Велес Скопје и обратно, токму сега кога се подготвува новиот возен ред, кој ќе стартува во средината на декември. 

Од Транспорт велат дека за ова ќе треба да се вклучи и локалната самоуправа на Велес, која има право на ова, но затоа ќе треба да учествува и финансиски во одржувањето на линијата.

Велешани побараа и нови постојки за одделни делови на градот, Долни Дуќани, Тунел и кај Железен мост. Велат кога може некои приградски скопски села со по тројца патници да добијат, зошто не и  населбите од градот. 

За Инфраструктура  овие барања се неприфатливи од технички аспект, оти немало простор за нивно застанување, трите посочени локации.

 Од Велес секојдневно во Скопје на работа,  на училиште и факултет патуваат  околу три илјади лица. Најголем дел до нив со воз, бидејќи цената на месечниот билет е 1,5 илјади денари, додека со автобус таа чини 4 до 5 илјади денари, во зависност од превозникот. 

Последен пат цената на билетот е покачена во далечната 1995-та година, иако во меѓувреме и струјата и нафтата неколку  пати ги зголемија нивните цени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »