речник контакт

Косовецот го згрешил правецот па решил да се врати во спротивна насока на движење

Од Аеродром, наместо кон Урошевац се упатил кон Велес. Л.М. сторил кривично дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето,,

Петар Печков

На прес конференција МВР ја соопшти причината зошто возачот на голф 4, возел во спротивна насока, на делницата од автопатот Скопје  - Велес, што предизвика сообраќајка со седуммина повредени, од кои двајца с е тешко. 

Возачот Л.М. движејќи се од аеродром Петровец, наместо да се упати кон Косово, кон Урошевац, се упатил по автопатот во правец на Велес. Кога го минал тунелот кај Катланово, ток увидел дека е во грешна насока и на првиот паркинг простор, завртел полукружно, за 180 степени и  почнал да вози кон Скопје, иако делницата е само и исклучиво  кон Велес. По 300 метри се случила сообраќајката. Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за  тешки дела против безбедноста на луѓето - изјавија од МВР.

Сите седум патници од понеделничката сообраќајка од велешката Болница поради тежината на повредите се пренесени во Скопје.  Две лица се во животна опасност, другите  со тешки свршеници. До сообраќајката дојде кога автомобил голф со косовски регистарски таблички, возејќи спротивно од делницата на автопатот директно удри во мерцедес со велешки регистарски таблички. 

Три од повредените патници се деца.  Во ,,мерцедесот со велешки регистарски таблички било семејство од Кавадарци Љ.М. ( 33) кој управувал, неговата сопруга О.М. (30) и нивниот 10-годишен син.  Во „голфот“ со косовски таблички било  семејство од Урошевац. Л.М. (34) кој го управувал возилото, неговата сопруга Т.М. (31) и нивните две деца, син и ќерка, кои се на возраст од 8 и 5 години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »