речник контакт

Костените од велешко завршија во Германија

Цената од 60 денари скокна на 100 за кг. За Божик овошјето ќе биде дефицитарно

Петар Печков

На почетокот од сезоната, костенот стана дефицитарен на пазарот. Ова сезонско овошје  бргу го снема од тезгите а и тоа што остана е со висока цена, 100 денари од килограм, наспроти почетната од 60 денари, пред месец дена.  Во велешко расте во  Горно Врановци и Долно Јаболчиште. Жителите се задоволни од откупот и од цената. 

Дваесетина тони костени за овој месец се откупени од селото. Доаѓаа прекупци, немаше ништо организирано. Се што имавме продадовме. Остана уше нешто колку за по дома. Вака рано никогаш н се продал костенот. Имаше цена од 70 денари за килограм на големо. Тоа беше доволно за нас и затоа го продадовме – вели жител на велешкото село Горно Врановци.

Објаснуваат дека минатите години вообичаено зголемена потрошувачка имало за Божикните празници, годинава костенот се продал два месеци порано. Костенот кој го има во изобилие во природата на  овој дел од централна Македонија, населението го собира по шумите и претставува дополнителен приход, бидејќи повеќето се невработени. Мештаните велат за празниците дека ќе има  недостаток на костени.   Накупците доаѓале сред село и го откупувале овошјето. Завршило во Германија.

Годинашниот род  е без малку откупен од овој крај, Врановци и Јаболчиште. Откупувавме и од Македонски брод, Гостивар, Кичево, Самоков. Од овој дел на Македонија веќе нема, најголемиот дел се откупи. Секој ден цената само расте и на тоа малку што остана. Се продаде во Германија. Костенот годинава имаше квалитет, го нема на тамошните пазари и како ретко кога се случи да се продаде на почетокот од сезоната. Не знам како ќе се најде за православниот Божик.  И тоа што  ќе  го има , ќе биде скапо – вели еден од прекупците од Скопје. 

Питомиот костен во Македонија  го има  и  во   дебарско -струшкиот регион, битолско -прилепски регион, скопско  и струмичко.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »