речник контакт

Коцевски - да бидеме достојни продолжувачи на идеалите на паднатите жртви за слобода на Македонија

Благодарност за жртвите што ги дадоа околу дваесет и четири илјади припадници на вооружените сили за да ја ослободат Македонија. Ќе ги вратиме останките на Брашанов во Велес – порача Коцевски

Петар Печков

11 ти Октомври е важен ден, еден од најзначајните денови во историјата на македонскиот народ и другите граѓани кои живеат во Република Македонија. Ден кој е запишан со златни букви во историјата на Македонија. На овој ден користам прилика да изразам благодарност за жртвите што ги дадоа околу дваесет и четири илјади припадници на вооружените сили за да ја ослободат Македонија. 

Затоа што да не беше 11 ти Октомври четириесет и прва година, немаше да го има 2 ри Август четириесет и четврта година и конечно, немаше да го има 8 ми Септември. Периодот на Народно-ослободителната и антифашистичка војна е единствен период во нашата историја кој конечно после Кресненското, Илинденското и другите  буни и востанија завршува со позитивен исход и како резултат на тоа е формирана современата македонска држава. Морам да го истакнам следниот факт, лицемерно беше денес од претставниците на партијата ВМРО-ДПМНЕ да полагаат цвеќиња кога се знае дека на спомен Костурницата која е во чест на паднатите борци кога се знае дека истите тие ги извадија бистите на народните херои и револуционерите кои стоеја во Младинскиот парк и ги фрлија во подрумот на истата таа спомен Костурница. Лицемерно е продолжувачите и истомислениците на тие што Блаже Конески го нарекуваа „џуџето од Небрегово“, на тие што Кочо Рацин, најзнаменитиот велешанец во историјата на Велес, го нарекуваа исто така „џуџето од Велес“ кој единственото добро што го направил во животот е тоа што прерано починал, денес да положуваат цвеќе. 

Една од првите работи што ќе ја направиме по освојувањето на локалната власт ќе биде на паднатите борци од Народно-ослободителната војна, на народните херои да им го вратиме значењето и нивните бисти да ги вратиме таму каде што припаѓаат, во паркот на хероите. Исто така ветувам дека една од важните работи што сакам да ги направиме во наредниот период, по изградбата на споменикот на Панко Брашнар, е неговите посмртни останки во соработка со хрватските власти од Голи Оток да ги донесеме во неговиот роден Велес.

На крајот сакам да порачам дека во наредниот период се ќе направиме за да бидеме достојни продолжувачи на идеалите на паднатите жртви за слобода на Македонија – изјави Аце Коцевски кандидат за градоначалник на СДСМ.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »