речник контакт

Коцевски - Заради децата и нивеn подобар живот потребна ни е ЕУ

Иднината на Вашите деца и внуци е во ваши раце и во Вашиот глас,затоа излезете и гласајте на 30-ти септември порача Коцевски

Петар Печков

На денешната прес конференција градоначалникот ан Велес порача дека поради децата аи внуците потребно е да се излезе на гласање за референдумот на 30-ти септември, бидејќи тие заслужуваат подобра иднина.

Децата се нашето најголемо богатство. Нив  мора да им обезбедиме подобар живот, подобра сегашност и иднина. Тие сакаат да растат во безбедна, стабилна и сигурна држава.

За децата мора да се обезбеди да растат и да се развиваат во услови на здрава животна средина. Ние имаме обврска и одговорност за нив. Кој ако не ние! 

Затоа сите да излеземе масовно и да помогнеме за Македонија да тргне напред, за да обезбедиме сигурна иднина и просперитет за нашите деца.

Иднината на вашите деца и внуци е во ваши раце и во вашиот глас. 

Затоа излезете масовно на вашите избирачки места и со чиста совест  и здрав разум изразете го вашиот став на референдумот - порача Коцевски 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »